Претпладне облачно, попладне сончево со северен ветер

132

Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно, од пладневните часови со чести сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...