Јазичните права се исклучително важни права во заложбите за еднакво општество за сите граѓани 

Македонскиот јазик денес е признаен во целиот свет. Рамноправен со сите светски јазици. Запишан како македонски јазик во личната карта и во каталогот на нациите во Обединетите Нации, а во државата се зборуваат и албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, влашкиот и ромскиот јазик.

65
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што под покровителство на Обединетите Нации денеска се одбележува во целиот свет, во Крушево се одржа свеченост на која се обрати заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на Северна Македонија, Неџат Мехмедовиќ, информираа од Владата.
На настанот на кој учествуваа националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски и директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците, Славица Тодорова, како и градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, и просветните работници од општината, беше истакнато дека Владата на Република Северна Македонија концептот „Едно општество за сите“ го определи како своја стратешка цел. Од формирањето во 2017-та година, Владата континуирано работи на создавање на одржливо граѓанско општество во кое е афирмирана и воспоставена меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во земјата, со истовремено признавање на етничките, националните, верските и културните разлики.
Од тие причини, едно од централните места во Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам, имаат и јазичните права, како исклучително важни права за постигнување еднаквост и за реализација на едно општество за сите граѓани.
За таа цел, постојано треба да се промовираат вредностите на јазичниот плуралитет и неговата кохезивна улога.
Македонскиот јазик денес е признаен во целиот свет. Рамноправен со сите светски јазици. Запишан како македонски јазик во личната карта и во каталогот на нациите во Обединетите Нации, а во државата се зборуваат и албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, влашкиот и ромскиот јазик.
На централно ниво, со примена на Законот за употреба на јазиците се употребува македонскиот јазик и неговото писмо, и албанскиот јазик и неговото писмо, а на локално ниво се употребуваат повеќе јазици освен македонскиот јазик.
Албанскиот јазик се употребува во 25 општини, турскиот јазик во 10 општини, српскиот јазик  во 3 општини, ромскиот јазик во 2 општини, босанскиот јазик во 2 општини и влашкиот јазик во една општина.
Ова покажува отвореност на општеството на нашата држава на сите рамништа, особено земајќи во предвид дека во неколку од општините во кои се употребуваат повеќе јазици, тоа е направено со одлука на советот, а не поради законска одредба, што ја покажува желбата на институциите да бидат отворени и пристапни кон своите граѓани, беше истакнато на настанот во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...