Мајка објави снимка од деветгодишниот син кој вели дека ќе се убие: Славните скокнаа на нозе! ФОТО+ВИДЕО

Снимката е прегледана повеќе од 16 милиони пати, а славниот актер Хју Џекмен преку Твитер му порачал на малиот Квајден да го смета за пријател.

1533

Актерот Хју Џекмeн (51) испрати порака во јавноста во која поддржува едно деветгодишно момче, кое на видеоснимката расплакано раскажува како сака да се убие поради малтретирањето што го трпи во училиште.

Квeјден Бејлс има само девет години и неговата мајка го снимила, скршена и расплакана, додека тој опишува како го злоставувале во училиштетото, пишуваат странските медиуми.

Мајката на детето, Јарака, објавила потресна снимка на социјалните мрежи со желба да прекине овој вид на насилство. Видето потоа стана вирално, а илјадници луѓе јавно го поддржаа несреќното момче кое живее во Квинсленд, Австралија, а кое страда од синдром на џуџест раст (achondroplasia)

Нејзиниот син претходно се обидел да се самоубие.

– Сакам да се убијам. Само сакам да умрам! Сакам да си го прободам срцето… сакам некој да ме убие! Дај ми јаже, сакам да се убијам! – зборувало расплаканото момче барајќи нож, додека мајка му го снимала и го пуштила во живо на Фејсбук.

– Ова е она што насилството го прави. Сакам луѓето да знаат колку нас ова нè повредува како семејство, сакам да ставам до знаење што произлегува од проклетото насилство! Би сакала да можам да го снимам секој момент кога сме во јавност за луѓето да видат, бидејќи ова се случува секој ужасен ден. Нова епизода, ново насилство…

– Се обидуваме да бидеме силни колку што можеме, но ова… ова е доказ како насилството влијае на деветгодишно дете кое само сака да оди во училиште – зборувала мајката на момчето, додека снимала.

– Се чувствувам дека не сум успеала како родител, се чувствувам дека целиот систем потфрлил. Секој ден ова се случува, веќе ми се слошува… Секој проклет ден! Ќе изгубиме уште едно дете кое ќе изврши самоубивство поради насилство – порачала мајката на момчето.

Снимката е прегледана повеќе од 16 милиони пати, а славниот актер Хју Џекмен преку Твитер му порачал на малиот Квeјден да го смета за пријател.

– Квајден, посилен си од своите врсници и што и да се случи, имаш пријател во мене. Ве молам, да бидеме внимателни едни кон други – насилството не е во ред. Животот е доволно тежок, затоа да запаметиме, секоја личност која стои пред нас се соочува со некоја битка, затоа само бидете љубезни – порачал Џекмен.

Покрај него, се огласил и Џефри Дин Морган, исто така порачувајќи му на Квeјден дека не е сам.

– Не го знам твоето име, не го знам ниту името на твојата мајка, но го видов твоето видео. Сакам да знаеш дека имаш пријатели. Јас сум ти пријател. Сè уште не си ме запоизнал, но наскоро тоа ќе го промениме. Твојата мајка може да ми прати порака. Тука сме и ти го чуваме грбот. Мораш да знаеш дека ќе биде подобро. Децата умеат да бидат ужасни и тоа боли, но ќе биде подобро. Ветувам дека ќе биде. Во ред? Пратете ми порака – порачал Морган.

За помалку од еден ден за деветгодишниот Квејден од Австралија се собраа над 210.000 долари, со цел тој да замине на патување во Дизниленд.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

 

The mother, an Aboriginal rights activist, said the bullying started when her son (pictured) was seven

 

Quaden Bayles has received a massive outpouring of support from people all over the world.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...