Судските органи во Кина покренаа обвиненија против 290 лица за случаи поврзани со превенција и контрола на коронавирусот, соопшти Врховното јавно обвинителство на Кина.
До вторникот обвинителите истражувале 2.692 криминални дела, за кои се осомничени 3.722 лица, од кои 598 биле уапсени.
Обвиненијата вклучуваат предизвикување и ширење на новиот вирус, поради непочитување на мерките за превенција и контрола; мешање во работата на јавната администрација; производство и продажба на фалсификувани производи.
Вкупно 207 од кривичните случаи се поврзани со нелегален лов на диви животни и ретки и загрозени животински видови, соопшти кинеското Јавно обвинителство.