Денеска се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

72
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Македонското здружение за заштита при работа со трибина ќе го одбележи 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Тема на овогодинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е „Подобрување на безбедноста и здравјето на младите работници и крај на детскиот труд”.

Статистиката на Меѓународната организација на труд покажува дека 541 милиони млади работници (15-24 години) сочинуваат повеќе од 15 отсто од светската работна сила и има 40 отсто повисоки стапки на нефатални професионални повреди отколку кај возрасните работници постари од 25 години. Оттука, произлегува дека младите се ранлива група, која најмогу подлежи на повреди, заболувања и несреќи на работните места.

Многу фактори влијаат на ваквата состојба, а тие се: нивната психо-физичка развиеност, недоволната информираност, недостатокот од работно искуство, недоволната свест за опасностите поврзани со работата итн.

– Со цел потикнување на превентивна култура, од најрана возраст да се говори за безбедност и здравје при работа, за да создадеме безбедни и здрави генерации, Македонското здружение за заштита при работа организира тркалезна маса каде главен збор ќе имаат младите ученици од средни училишта, студентски организации, млади работници итн., наведуваат организаторите.

На настанот ќе биде претставен и Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија за 2017 година, кој здружението го изработува веќе десетта година по ред.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...