Македонскиот полициски синдикат за „пиши – бриши“ наредбите и решенијата разговараше со Чулев и Петровска

Највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници, наведуваат од МПС. ,

498

Ве известуваме дека на барање од Македонскиот полициски сидикат денес, 20.12.2020 година, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски остварија два одделни работни состаноци од кои еден со Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, и другиот со дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, информираа од Македонскиот полициски синдикат.

Средбите беа иницирани од страна на Македонскиот полициски синдикат а како причина ја наведуваме актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Северна Македонија со што сите вработени во Министерството се доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставува сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

Од страна на раководството на МПС на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска им беше пренесен ставот на Македонскиот полициски синдикат дека највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници, поради што како единствен репрезентативен синдикат во МВР и организација во која членуваат со над 8500 членови чуствуваме и морална одговорност да укажеме на погопренавените состојби и потребата од нивно итно надминување.

Од таа причина, а се со цел итно надминување на актуелната состојба во Министерството ние како Македонски полициски синдикат предложивме во текот на утрешниот ден во наше присуство и наша Медијација да се одржи состанок за што искрено сме благодарни и на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива.

Се надеваме дека на утрешниот состанок преку конструктивен дијалог ќе се надминат недоразбирањата и ќе се реши состојбата на општо задовослтво и за доброто на сите вработени во Минситерството за Внатрешни работи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...