Премиерот на Лесото ќе биде обвинет за убиството на неговата прва сопруга

Премиерот Табане (80) најави оставка.

190

Премиерот на Лесото Томас Табане ќе биде обвинет за убиството на неговата сопруга Липолело, од која се разведе во јуни 2017 година, изјави денеска висок полициски претставник.

Премиерот Табане (80) најави оставка.

Заменик комесарот на полицијата Пасека Мокете рече дека премиерот Табане утре во Прекршочниот суд во Масер ќе се соочи со обвинение за убиство на Липолело Табане.

За убиството првично беше обвинет непознат вооружен човек, но последните податоци на полицијата поттикнале сомнеж по што ја обвинија сегашната сопруга на премиерот, Месаје Табане (42).

Полицијата на 10 јануари издаде налог за апсење на Месаје, која претходно исчезна. Таа на почетокот на февруари беше уапсена на границата со Јужна Африка по договор на полицијата и нејзините адвокати.

Месаје подоцна е ослободена со кауција и ќе се појави на суд на 17 март.

Табане е првиот премиер во Лесото кој е обвинет за какво било злосторство.

Неговата прва жена Липолело Табане е убиена пред својот дом во главниот град Масер два дена пред инаугурацијата во 2017 година.

Во тој период била во тек бракоразводна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...