Адеми: Доколку е потребно, можно е пролонгирање на наставата

341

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска информира дека ја следат ситуацијата со грипот во земјава и согласно околностите ќе бидат преземени соодветни мерки, вклучувајќи и можно пролонгирање на образовно-едукативниот процес.

– На дневна основа ја следиме ситуацијата. Во постојана комуникација сме и со Министерството за здравство и со другите институции. Ќе ја следиме состојбата и согласно со околностите ќе преземеме конкретни мерки – рече Адеми на прес-конференцијата во седиштето на ДУИ.

Тој посочи дека во моментот нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.

– Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции – изјави Адеми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...