Името на новородениот принц ја збуни британската јавност

Она што го збуни Британците по објавувањето на изводот на малиот принц е дали првото име, на англиски напишано „Louis“ се чита „Луис“ или „Луи“.

4092

Третото дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт доби име, кое традиционално има потекло од членовите на кралското семејство, но еден детаљ ги става во недоумица жителите на Британија.

Она што го збуни Британците по објавувањето на изводот на малиот принц е дали првото име, на англиски напишано „Louis“ се чита „Луис“ или „Луи“.

Британските лингвисти и познавачи на кралската лоза разјаснија дека правилно е „Луи“, име кое е дел од долгата традиција на имиња во ова семејство.

Имено, Луи е едно од имињата на принцот Вилијам, но потекнува и од братот на принцот Филип, лордот Луи Маунтбатен.

На венчавката на принцот Вилијам и војвотката Кејт јасно може да се чуе при изговарањето на заветите дека целосното име на принцот е Вилијам Артур Филип Луи и тоа, според јавноста, е доволен доказ дека името на новиот принц е Луи Артур Чарлс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...