На најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска, македонската репрезентација го задржа 68. место, очекувано со оглед на тоа што немаше настапи од почетокот на годината.
Противникот на „црвено-жолтите“ во полуфиналето од Лигата на нации, селекцијата на Косово е на 115. позиција.
На февруарското рангирање нема промени во ТОП 10 листата. Таму на врвот и натаму е Белгија, пред Франција и Бразил.
На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште и репрезентациите на Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.