Дали сте имале контакти со Катица Јанева, праша адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, на судењето за „Рекет“, на што сведокот на одбраната на Бојан Јовановски, Васил Димишков одговори:
– Никогаш во животот не сум ја сретнал.
Димишков, брат на Весна Димишкова, судијката на претходна постапка, на денешното рочиште во „Рекет“, како што објавивме претходно, сведочеше и за неговата средба со Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја, со кого се сретнал кон средината на август 2018 година, а по препорака на Владимир Ефтимовски, директор на Стопанска банка Битола, каде што Димишков бил ангажиран како адвокат.
На следното рочиште како сведок ќе се појави Владимир Тодоровиќ, а потоа и Дејан Панделевски, син на бизнисменот Цветан Панделевски, обвинет во предметот „Империја“.