Пациентка свиреше виолина додека ѝ го оперираа мозокот ВИДЕО

Тарнер по операцијата изјави дека свирењето на виолина е нејзина главна страст и свири од 10-годишна возраст.

184

Пациентката свирела за да ја направи операцијата што е можно поуспешна и да ја зачува способноста да свири на инструментот.

Дагмар Тарнер (53) свири на виолината за време на операцијата за отстранување на туморот лоциран во десниот фронтален лобус на мозокот, во близина на област која ги контролира фините движења на левата рака, пренесува „Ројтерс“.

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела виолина.

Тарнер свирела виолина за лекарите да бидат сигурно дека во текот на операцијата нема да оштетат делови од мозокот клучни за движење и коориднацијата. Таа метода е користена и во повеќе вакви случаи, а најмногу предизвикува внимание на јавноста кога станува збор за музичари.

Неврохирургот Кијумарс Аскан, од британската болница Кинг колеџ, се договорил со Тарнер таа да  свири на виолината, додека хирурзите вршат операција за да  отстранат дел одговорен за прецизни движења.

– Ова беше првпат да правам операција на пациент додека тој свири на инструмент. Можевме да отстраниме над 90 отсто од туморот додека ја одржавме целосната функција на нејзината лева рака – рекол доктор Аскан

Тарнер по операцијата изјави дека свирењето на виолина е нејзина главна страст и свири од 10-годишна возраст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...