Славниот пејач нападнат со нож и ограбен среде Лондон

Крадецот бил млад, околу 20 години, и му се заканил со нож на пејачот, барајќи пари од него.

456
ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Пејачот Хари Стајлс, поранешен член на популарната британска музичка група „Уан дирекшн“,  доживеал вистинска траума на Денот на вљубените.

Имено, според написот на „Дејли мирор“, Хари бил нападнат со нож во доцните вечерни часови среде Лондон. Крадецот бил млад, околу 20 години, и му се заканил со нож на пејачот, барајќи пари од него.

Сè се случило многу брзо, Хари реагирал навреме и поминал без повреди. Сепак, извори блиски на музичарот информираат дека е истрауматизиран по немилата случка.

– Хари беше прилично мирен и брзо му ги даде на арамијата парите што ги бараше. Тој ја одржуваше ситуацијата под контрола. Сепак, беше многу потресен – изјави извор близок до пејачот.

Полицијата открила дека сè уште не го уапсила напаѓачот.

И покрај инцидентот, Хари пред две вечери настапи на „Брит наградите“, каде ја испеа песната „Falling“.

ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...