Полициска акција во Крушопек, Сарај, се вршат претреси поради недозволена трговија со дрога

1066

Во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај, каде се претресувааат куќи и други објекти во врска со недозволена трговија со дрога, потврдија за Плусинфо извори од полицијата.

Акцијата е по налог на Основното јавно обвинителство, а за тоа колкаво количество и која дрога се запленува од МВР за Плусинфо засега не откриваат.

Според информацијата што претходно ја пренесе ТВ21, запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек. Сепак , според информациите на оваа телевизија се работи за околу еден тон.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна Гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Од засега непознати причини, рутата е сменета и пратката завршила во Крушопек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...