Премија од 750 илјади денари легна на сметките на нашите кошаркари

128

Кошаркарската федерација на Македонија ја исплати премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година

КФМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФМ. Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое очекуваме враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции, стои во соопштението на федерацијата.

Во КФСМ се надеваат дека ова ќе биде само еден дополнителен стимул на членовите на македонскиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...