Ја чувала невиноста 41 година, се омажила, веднаш добила бебе и сега е ѕвезда на Инстаграм

2282

Повеќе светски медиуми, меѓу кои и британски Дејли Мејл, ја пренесуваат приказната на американката Аманда Мек Крејк, жената која чекала до својата 41 година да ја изгуби невиноста со вистински маж, за потоа да открие дека го очекува своето прво дете со сопругот.

Во едно телевизиско шоу во 2014 година, Аманда признала дека го чека човекот на својот живот. Во летото 2018 година, таа се запознала со тапанарот Дејв, со кого ја помина својата прва интимна ноќ десет месеци подоцна.

Двојката се венчала два месеци подоцна, а веќе минатиот месец 42-годишната среќна сопруга објави дека е во четвртиот месец од бременоста.

Во интервју за Би-Би-Си, Аманда објаснила дека чекала толку долго да ја изгуби невиноста, бидејќи првите неколку партнери ја оставиле за други жени. Тоа ја натерало да се плаши да се врзува.

Се разбира, целата бизарна приказна и сет фотографии од среќната двојка можете да најдете … а каде на друго место ако не на Инстаграм!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...