Јанкулоска сведочи во„Монструм“: Имаше многу тези, разговори, гласини, но немавме сомнителни лица на почетокот

454

Беше ден пред празник со споени денови и направивме напори сите кои се на располагање да дојдат на работа и да се започне со активности, рече Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи која денеска сведочеше во судскиот процес за петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

– Вечерта кога се случи настанот, практично во доцните вечерни часови, добив известување од Центарот за известување состојби на вообичаен начин, како и за сите настани преку смс со крсток опис што е пријавено и кога е пријавено. Истовремено добив телефонски повик од тогашниот командант на Алфите Ивица Анчевски и ми ја даде истата информација. Во таа прилика го прашав дали тоа е информација од ДОЦ или од терен ја добил. И колегите од тоа подрачје преку радио врска известиле за настанот кој што се случил. А, потоа следеа и серија повици од старешини – рече Јанкуловска и додаде дека побарала од Анчевски-Пуки да оди на лице место и да ја информира. Потоа телефонски разговарала и со Љупчо Тодорвски, тогашниот директор на што БЈБ со кој се согласиле за целосна мобилизација на полицијата.

Бил формиран и оперативен штаб кој функционирал се до поднесувањето на кривичните пријави против лицата осомничени.

– Имаше многу тези, разговори, информации, гласини од официјални лица на вработени во полицијата. Се споделуваа тие информации и со мене. Но далеку од тоа дека имавме сознанија за да се тврди за сомнителни лица на самиот почеток од истрагата. Имаше толку многу информации од кои не можевме да ја најдеме почетната точка. Секоја информација се проверуваше и за на крај да се следи една теорија на случај – рече Јанкуловска.

Обвиниелката Фетаи посочи на разговор воден меѓу нејзе и Мијалков во кој тој и соопштува дека „спремил една добра анализа за „Монструм“ и ја поканува да пристуствува на презентацијата. По чија инцијатива беше тоа направено и дали присуствувате, ја праша обвинителката.

Јанкуловска одговори дека интензивно комуницирале како со старешините така и со Мијалков.

– За формална презентација не се сеќевам. Можеби имало не негирам, но не се сеќавам дека јас сум присуствувала – одговори таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...