Шишиња со урина летале накај Џастин Тимберлејк среде сцена

Џастин Тимберлејк рекол дека не е секогаш интересно и убаво да пееш на сцена, особено кога публиката не е добро расположена кон тебе.

672
THE OSCARS(r) - The 89th Oscars(r) broadcasts live on Oscar(r) SUNDAY, FEBRUARY 26, 2017, on the ABC Television Network. (ABC/Adam Rose) JUSTIN TIMBERLAKE, JESSICA BIEL

Иако публиката го сака и доаѓа на неговите концерти, Џастин Тимберлејк (39) се присети на еден од најнепријатните моменти во неговата музичка кариера.

Пејачот Џастин Тимберлејк имал исклучително тешки први чекори на светската јавна сцена, а за тоа зборувал кога гостувал во емисијата на познатиот Грејем Нортон.

Тимберлејк одлучил да обелодени дека кон него летале шишиња со урина на настап во Торонто во 2003 година. Тогаш настапувал со легендарниот бенд „Ролинг стоунс“.

Првото шише го избегнал танцувајќи на сцената, а настапот го продолжил изведувајќи песна на клавир, кога уште едно шише полетала кон неговата глава.

– Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излеземе на сцената дека мислам дека ова нема да помине добро. Така и беше – рекол пејачот кој очигледно има добра интуиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...