Денеска продолжува судењето за случајот „Монструм“

110

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм”. На последното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во април 2012 година, сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“.

На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им ги презентирал аудиоматеријалите што ги побарале, без да им даде копија. Свое сведочење по однос на „бомбите” имаше и свиркачот Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додека судењето го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...