Бред Пит го снимил првиот филм со Милена Дравиќ: Како филмската дива го опишала заводникот ВИДЕО

Милена Дравиќ почина на 79-годишна возраст во Белград. Милена беше една од најголемите српски и југословенски актерки, снимајќи повеќе од 100 филмови.

786

Легендарната српска актерка Милена Дравиќ во американскиот филм од 1988 година „Темната страна на Сонцето“ ја толкувала улогата на Емили Клејтон, неподвижната мајка на Рик, кој го толкувал тогаш не толку многу познатиот Бред Пит.

Улогата на нивната куќна помошничка Нина ѝ била доверена на Горица Поповиќ.

„Беше млад, слаб и како некое пиленце, но и тогаш беше голем професионалец. Прекрасно ја одигра улогата на момчето кое не смееше да излегува на сончевите зраци. Дојде да се лекува кај наш билкар, а тука ја пронајде и љубовта – изјавила своевремено актерката.

– Не беше голема улога, но драго ми е што имав можност да играм во ист филм со една голема ѕвезда каква што е Бред Пит. Немам дури ни фотографија со него. Баш штета, но филмот го чувам на ВХС касета – рекла Горица присетувајќи се на снимањето на тој филм.

Режисерот Божо Николиќ го избрал Бред Пит меѓу 400 кандидати на кастингот во американската компанија „Метро Голдвин Мајер“.

– Жал ми е да го кажам тоа, но нема повеќе да се роди таква актерка. Тоа што таа го направи е феноменално. Оствари околу 100 улоги, а во тој филм ја толкуваше една од главните улоги. Знаете, има луѓе кои ќе снимат повеќе улоги од Милена, но никогаш не останале запомнети. Ја толкуваше улогата на мајката на Бред Пит и прекрасно соработуваа – изјавил Божо Николиќ, присетувајќи се на таа соработка.

Милена Дравиќ почина на 79-годишна возраст во Белград. Милена беше една од најголемите српски и југословенски актерки, снимајќи повеќе од 100 филмови.

 

FOTO: Jutjub/Skrinsot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...