Во вечерашното гостување на емисијата 24 Отворено на Телевизијата 24 Вести, Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, најави со кого би можела да стапи во коалиција неговата партија, доколку победи на изборите.
– Сите опции се отворени, ВМРО-ДПМНЕ е отворена за соработка со, апсолутно, сите политички партии. Се разбира, ако се усогласиме со програмите. Како опозициски партии имавме потесна соработка со Алијансата на Албанците и со Беса. А сите опции остануваат отворени – изјави Данев.