Јавното обвинителство отвори истрага за недостиг од пасоши

1474
ФОТО: МИА

Јавното обвинителство отвори истрага за недостиг од пасоши. Чулев објави дека досието го доставил до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителството информира дека собираат релевантни докази за евентуална злоупотреба во МВР, јави Алсат телевизија.

Министерството за внатрешни работи ја затвори телефонската линија којашто се користеше за закажување термини за пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека во моментов има околу 3.700 пасоши, кои можат да се издаваат само со посебни барања за итни случаи на граѓаните. Чулев повтори дека овој проблем го наследил од неговиот претходник во МВР, Оливер Спасовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...