Жителите во централна Англија и Велс денеска поставија вреќи со песок и пумпи за вода, бидејќи реките се преплавени по невремето во текот на викендот.
Агенцијата за заштита на животната средина во Англија и Велс денеска издаде осум сериозни предупредувања за поплави, кои укажуваат дека постои непосредна опасност по животот од реките Северн, Вај и Лаг.
Жителите во поплавените улици користат кану за одење до најблиската продавница.
Бурата Денис ја зафати Велика Британија во саботата и неделата, со ветер со брзина и до 145 километри на час и обилни врнежи од дожд, по што беа поплавени патишта, железници, куќи и фирми.
Во невремето настрадаа три лица.
Бурата погоди и делови на северна Европа и југозападна Шведска.