Почнува постапката за одземање на дозолата за работа на радиото Слободна Македонија, еден од медиумите што отворено ги бранеше политиките на власта на ВМРО ДПМНЕ. Покрај одземање на дозволата, радиото автоматски се брише од регистерот на радиодифузер, објави Канал 77.
Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги (ААВМУ) по извршениот мониторинг утврдила дека радиото не ги исполнува минималните кадровски услови од дозволата, поради што во надзорот се бара директорот да покрене постапка за одземање на дозволата за радио емитување. Радиото Слободна Македонија со месеци не емитува говорна програма, а од јануари од медиумот си заминала целата екипа со исклучок на еден – двајца кои пуштаат музика. Радиото на вработените има должи плати за неколку месеци. Последната плата на вработените била исплатена во октмври, лани.
По барање на Агенцијата, од радиото биле доставени еден договор за вработување на неопределено време и девет авторски договори, меѓутоа, сите биле со важност до 11 април 2018 година.
Свои емисии на оваа радио имаа имаа Миленко Неделковски,Јанко Илковски, актерите Тони Михајловски, Весна Петрушевска и Рубенс Муратовски, како и многу други јавни личности, кои отворено ја застапуваа политиката на ВМРО ДПМНЕ. Радиото стана познато во јавноста по фактот дека кратко од основањето успеа да оствари приход од 242.000 евра, со само еден вработен.