Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на 19.02.2020 година (среда) без електрична енергија ќе останат:
- од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. Белградска. ( Oпштина Центар )
- од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од улиците: Козара и Шарски Одреди. ( Општина Центар )
- од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од делови од улиците: Хаџи Јован Шишков, Демирхисарска, Индира Ганди, како и објектите на Амбулантата и Детската Градинка. ( Општина Шуто Оризари )
- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од поголемиот дел од с. Волково. ( Општина Ѓорче Петров )
- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. 6 во с. Сарај. ( Општина Сарај )
- од 10:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. Козле од бр. 106 до бр.132. (Општина Карпош )
- од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Герника и објектите околу Железничка станица – Драчево. ( Општина Кисела Вода )
- од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виничка, Црнок, Индира Ганди и Вашингтонска. ( Општина Шуто Оризари ), информираат од РЦУК – СКОПЈЕ