Русија очекува полна сала за натпреварот со Македонија

166

Македонската кошаркарска репрезентација на 23 февруари гостува во Перм каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. Домаќините очекуваат голема поддршка од трибините.

– Очекуваме полна сала за дуелот со Северна Македонија во Перм. Веќе трета година сме домаќини на националниот тим. Нашата репрезентација победи во претходните двапати, дај боже и овој пат да биде така. Градот живее за кошарката – изјави министерот за физичка култура и спорт на територијата на Перм, Владимир Епанов.

Средбата ќе се одржи во салата УДС „Хамер“ која е со капацитет од 7.000 гледачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...