Гутереш: Ситуацијата со коронавирусот е многу опасна

182
ФОТО: EPA/CYRIL ZINGARO

Епидемијата на вирусот КОВИД-19, што се појави во Кина, не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Гутереш, кој престојува во Пакистан, во интервју за американски медиум изјави дека „ширум светот постои огромен ризик и дека мораме да бидеме подготвени за тоа“.

Гутереш во Пакистан учествува на конференција по повод 40-годишнината од бегството на илјадници луѓе од соседниот, со војна разурнат, Авганистан.

Бројот на смртни случаи од коронавирус нарасна на 1.873, а меѓу нив е и директорот на главната болница во Вухан, неврохирургот Лиу Зиминг, соопшти денеска Здравствената комисија на Вухан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...