Гранит ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 881.742.867 денари со рок на изведување 42 месеци.

380

Градежната компанија Гранит ќе го гради автопатското поврзување на Скопје со граничниот премин Блаце како и проширувањето на патот од граничниот премин до селото Блаце.

Компанијата на Македонска берза соопшти дека потпишала договор со Јавното Претпријатие за државни патишта.

„За изградба на автопат А4, делница ГП „Блаце” – Скопје ( клучка „Стенковец “), Подделница 1- проширување на постоен пат А4 од ГП „ Блаце” до с.Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат со с.Блаце“, стои во соопштението.

Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 881.742.867 денари (14 милиони евра) со рок на изведување 42 месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...