Францускиот министер за здравство Оливие Вера предупреди денеска за „веродостоен ризик“ епидемијата на новиот коронавирус да се претвори во пандемија.
– Ова е и работна претпоставка и веродостоен ризик – изјави Вера за Радио Франс Инфо, на прашањето дали постои можност епидемијата на коронавирусот да се претвори во пандемија.
Тој додаде дека Франција е подготвена да се справи со сите предизвици и дека нејзиниот здравствен систем е доволно силен и добро опремен.