Северина објавила дека е со Игор во Белград, веднаш ја фатиле во лага ФОТО

Пејачката вчера на својот Инстаграм-профил објавила фотографија со сопругот Игор и свекрвата и свекорот.

4340

Српските новинари се неуморни за шпекулациите дека во бракот на Северина и Игор не цветаат рози, а најновиот потег на Инстаграм секако ги подгреа гласините.

Пејачката вчера на својот Инстаграм-профил објавила фотографија со сопругот Игор и свекрвата и свекорот па во описот на фотографијата напишала: „Еден обичен понеделник“ и означила дека фотографијата настанала во Белград.

На српските новинари не им требало долго да откријат дека пејачката лаже. Некои детали од фотографијата откриле дека фотографијата не настанала вчера туку во септември 2018 година.

Северина ја оддала фотографијата на Инстаграм на профилот на Игор Којиќ објавена на 11 септември 2018 година на која неговата мајка Оља позира во истиот ресторан, во истата облека, со истата капа, а зад неа седат истите луѓе, во истата облека, особено мажот во џемперот со ленти.

Затоа, српските таблоиди прашуваат која е причината за оваа игра и дали Северина со фотографијата со Игор сакала да ги прекине озборувањата дека со нејзиниот брак не е нешто во ред.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...