Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) одбегнуваат да се појавуваат во јавноста. Парот заедно го прославил Денот на вљубените по чиј повод конечно биле снимени заедно, по подолг период.
Сега осамнаа првите фотографии од принцот Хари и Меган Маркл по нивното заминување од Велика Британија и повлекувањето од кралските должности, популарно наречено „Мегзит“.
Меган со синот Арчи престојуваше во Канада за време на драмата по повод нивното откажување од кралските должности, додека Хари до неодамна беше во Велика Британија и се обидуваше да ги среди односите со семејството.
Сопружниците се снимени на Денот на вљубените, на аеродромот во Канада, каде што пристигнале со комерцијален лет од САД, а она за што најмногу се зборува е фактот што поранешните благородници сами си ги носеле куферите симнувајќи се од авионот.
Хари и Меган допатувале од Мајами, каде што биле на вечера со Џенифер Лопез и Алекс Родригез, пренесуваат светските медиуми.
Изгледа дека патувањето им годело, па и двајцата блескаат од среќа на фотографиите што ги преплавија социјалните мрежи и медиумите.
FOTO: Printskrin/Instagram