Причината зошто ја одржуваме оваа прес конференција вака доцна навечер е што сметаме дека денес е најсуштинскиот ден во случајот Рекет откако се отвори и очекувавме цел ден да има реакција и од СДСМ и владата и од семејството Заеви.
До овој момент единствената реакција стигна само од претседателот на државата Стево Пендаровски кој што јасно кажа дека немал средба со Катица Јанева, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната прес-конференција.
Во целост ја пренесуваме изјавата на Николоски:
Имено, денес разбравме од посебно истражни мерки легално прибавени од страна на обвинителството дека Катица Јанева во текот на месец август, откако случајот беше и формално отворен со приведувањето на другите двајца во тоа време осомничени, а сега веќе еден осуден, остварила минимум една средба со тогаш премиерот Зоран Заев.
Имено Катица Јанева отишла на кај резиденцијата на претседателот и премиерот имајќи предвид дека претседателот на државата веќе демантираше дека била кај него, односно кажа човекот дека во резиденцијата живее од октомври 2019 година, а средбата е во август 2019, јасно е дека средбата е со Зоран Заев.
Второто за кое што не треба да претпоставуваме туку е јасно, видено и покажано е дека Зоран Милески Кичеец имал средба со Вице Заев, братот на Зоран Заев. Значи, Зоран Милески Кичеец имал во текот на јуни и јули месец средба со Вице Заев.
Се поставува прашањето, за што зборувале на овие средби? Која е содржината на тие средби и секако како е возможно да се среќаваат доколку претходно немаат комуникација и не се познаваат. На средбата бил и фамилијарниот адвокат на Заев.
Ако е точно дека Зоран Заев самиот го пријавил случајот Рекет како што тврди, иако не видовме никаков доказ за тоа, и никаква писмена белешка, тогаш што барал еден од осомничените во Владата, со кого се среќавал во владата и што барал на средба со Вице Заев, брат на тогашниот премиер Зоран Заев.
Понатаму, она што е многу индикативно е што не добивме образложение денеска по однос на доказот број 148 зошто немаме тонски запис прикажан во судот. Имено, согласно член 18 од Законот за следење на комуникации каде се предвидува тонско снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор, значи лица кои што се следат на отворен простор на средби кои што ги имаат, покрај тоа што се покриваат физички, со камери и со видео, се покриваат и тонски. И тоа е јасно во членот 18.
Исто така од приказот на посебните истражни мерки не се добива впечаток дека истражителите само го фотографирале и направиле видео од средбата, туку јасно е дека има и тонско снимање.
Прашањето до јавноста е, зошто ова тонско снимање не е прикажано денеска во судницата, односно прашањето е дали мерките со план не се спроведени, со што е прекршен законот и членот 18 или не истите не се објавуваат во јавноста со цел да се скрие содржината на истите.
Доколку во судот не се прикажат посебните истражни мерки во вид на тонски запис од разговорот на Вице Заев во тој момент осомничен во случајот Рекет, тоа ќе значи дека истражителите на МВР ќе бидат ставени во опасност за прекршување на законот како што наложува членот 18, затоа што или свесно го прекршиле законот или се прикриваат докази.
Ние ги повикуваме надлежните лица во овој случај да ги објават тонските записи во рамки на судот, за да види целата македонска јавност што зборувале Вице Заев и еден од осомничените во случајот Рекет.
Исто така повикуваме најбрзо можно Зоран Заев да каже што зборувал неговиот брат со еден од осомничените, како и тоа што тој зборувал во август месец со Катица Јанева.
А од обвинителството бараме да ги повика овие лица да дадат искази затоа што е недозволиво во оваа фаза кога имаме евидентни докази да истите се затскриваат.
Ова е врв на овој скандал кој што само покажува дека тројцата обвинети во Рекет се само врвот на ледениот брег , дека она што го зборувавме со месеци е дека ова е добро планирана акција планира од самиот врв на СДСМ и на власта, во којашто се рекетирани повеќе од еден бизнисмен, и во којашто се изрекетирани далеку повеќе пари од ова што е сега познато.
Денеска добивме потврда од судот, за жал обвинителството направи обид да ги скрие односно заштити семејството Заеви. Тоа мора да престане и затоа мора да има одговорност.
Уште еднаш повикуваме, содржината на разговорите помеѓу Вице Заев и еден од осомничените да бидат објавени, како и да биде објавена целосната снимка, каде што се гледа дека Катица Јанева се среќава со Зоран Заев.
Очекуваме одговори од семејството Заеви за што разговарале со овие луѓе, како се познавале, која е природата на нивната комуникација и познанство, и дали ова ќе го потврди она што целата македонска јавност го знае дека само овие луѓе биле извршители, а само наредбодавци биле лично врвот на СДСМ и семејството Заеви.