Дескоска нема да маршира за правда

1962

Министерката за правда, Рената Дескоска, нема да учествува на маршот „Чекориме за правда“ што денеска околу 18 часот почна пред Собранието, а го организира партијата СДСМ. Маршот треба да заврши пред комплексот на судови околу 20 часот.

– Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Ве информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш – информирааа од Министерството за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...