Во врска со Oдлуката на Влада со која беше задолжено Министерството за внатрешни работи да формира работна група предводена од страна на министерот Наќе Чулев, што ќе даде предлог решение за надминување на состојбата со недостигот на обрасци за пасоши, Ве известуваме дека во текот на денешниов ден работната група во рамки на МВР имаше состанок, при што беа побарани дополнителни податоци од Одделот за управни работи со цел утврдување на фактичката сосотојба околу побарувањата на граѓаните за патни исправи за изминатиов период, информираа од МВР.
До крајот на денов закажана е уште една средба на работната група во МВР, по што јавноста дополнително ќе биде информирана околу следните чекори во насока на решавање на настанатата состојба.