Мицкоски му фрли ракавица на Заев за ТВ дуел

1120

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека прифатил покани за ТВ дуели со Зоран Заев и вели дека се надева оти лидерот на СДСМ ќе има храброст и ќе се појави на дуелите.

– Во изминатите две недели до мене пристигнаа две понуди за ТВ дуел со Зоран Заев. Првата е на телевизијата Канал 5 за 28 февруари во гледаната емисија “Само Вистина”, а втората понуда е проект на телевизијата Алфа што би се емитувал на 12 март. Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања и тоа:

– Зошто градеше кариера врз лаги, како онаа дека ја знаел вистината за Монструм, а видовме дека единствено што знае е да ги ослободи убијците на нивните деца;

– За уценетите слуги кој од најголеми криминалци му станаа најголеми сојузници;

– За тоа зошто нема ниту еден крупен криминалец зад решетки и зошто наместо правда има лиценци со марихуана за Боро Малборо, за Заеви и ним блиските;

– За тоа како правдата во Македонија за едни е мајка, за други маќеа, за нарачаните пресуди, за тоа дека “бизнисот не требал да се чепка”, за Луј Витон ташните, за нарачките на Заев во Врховен, Апелација, за тоа како Заевци го спасуваат СЈО, за да си ги спасат милионите;

– Да зборуваме за тоа како мафијата со Заев доби своја држава, за контигентите „педесетки” кои станувале “триесетки” и многуте кеш пари, за тоа зошто обвинителството молчи, а милионите на деспотот растат;

-Зошто одби испитување на потекло на имот, а се спротивстави на забрана за амнестија на политичари, додека бара закон за јавно обвинителство кое содржи амнестија за него и неговите соработници;

– Но и да зборуваме за мојата, нашата заедничка визија…да докажам дека наспроти лажните ветувања за живот, постои неопходност од обнова која ќе донесе повеќе за секого. Која ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, капитални државни инвестиции над 90% секоја година, 4 милијарди домашни и странски инвестиции, едноцифрена невработеност и пониски даноци и трошоци за народот.

Да покажам дека Македонија има иднина.

Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши, напиша Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...