Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на Фејсбук се пофали дека пред седиштето на НАТО се подготвува да се постави македонското знаме како триесета членка на Алијансата.
– Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите прогодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз.
Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. УСПЕАВМЕ !!!, напиша Жерновски на Фејсбук.