Македонските државјани И.М. (32) и А.А. (37) се уапсени на граничниот премин Хоргош, на српско-унгарската граница, откако при преглед на резервоарот на возилото „Опел астра“ со македонски регистарски таблички полицијата им пронашла десет пластични шишиња, со девет килограми и 377 грама марихуана.
Танјуг јави дека поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, на осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат приведени по наредба на Високото јавно обвинителство во Суботица.