Јанг: Интер сè уште е во трката за Скудетото

99

Фудбалерот на Интер Ешли Јанг смета дека неговиот тим и покрај поразот од Лацио, има шанси да дојде до трофејот во Серија А.

Интер синоќа во дербито на 24. коло загуби од Лацио на гости со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Интер беше Јанг.

– Го загубивме натпреварот. Јас повеќе би сакал да не постигнам гол и да победам, но сето тоа се случи. Имаме многу натпревари до крајот. Мора да го заборавиме овој пораз многу брзо и да се подготвиме за следниот натпревар. Се разбира, остануваме трка за титулата. Многу бодови се во игра – рече Јанг.

Интер по 24 кола е трет на табелата со 54 бода. Пред него се Лацио со 56 и Јувентус со 57.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...