Елтон Џон плачејќи го напушти концертот: Го изгубив гласот! ВИДЕО

Околу 50.000 луѓе дошле со желба да уживаат во гласот и песните на славниот пејач, меѓутоа, нештата не оделе според планот.

1711

Славниот британски музичар Елтон Џон морал во неделата да го прекине концертот во Окленд, Нов Зеланд, откако го изгубил гласот па сцената ја напуштил во солзи.

– Жал ми е, многу ми е жал. Не можам да пеам – рекол Елтон кога ѝ се обратил на публиката среде концертот со засипнат глас. Станал од својот клавир  па изјавил: „Мојот глас не соработува“.

Потоа го покрил лицето со рацете и почнал да плаче, а публиката го поддржала со громогласен аплауз и со љубов го испратил кога го одвеле од сцената.

Околу 50.000 луѓе дошле со желба да уживаат во гласот и песните на славниот пејач, меѓутоа, нештата не оделе според планот.

Пејачот потоа на Инстаграм дека му е дијагностицирано благо воспаление на белите дробови, но тој и покрај болеста одлучил да настапи.

Гласот го изгубил во моментот кога се подготвувал да го испее својот хит „Даниел“.

„Свирев и пеев со цело срце сѐ додека не останав без глас. Разочаран сум и вознемирен, длабоко загрижен, тажен. Ви дадов сѐ што имав. Се извинувам“, напишал музичарот на Инстаграм и се заблагодарил на публиката на извонредната поддршка.

 

Printskrin: Youtube/Salvo Sottile

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...