Митрески и Димовски ја продолжија расправата на фејсбук за законот за Совет на обвинители

Митрески сподели листа на закони кои се носат со двојно мнозинство и стенограм од сединаца на Собрание на која се гласало за законот за Совет на јавни обвинители.

684

Откако изгласаа распуштање на Собранието пратениците од власта и опозицијата почнаа расправа на совијалните мрежи. Тема за продолжување на дискусиите е Законот за Совет на јавни обвинители кој беше излгасан денеска, а за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се носи со бадинтерово мнозинство.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, аЗаконот за Советот на јавни обвинители не спаѓа во група закони што се носат со двојно мнозинство.

„На колегата кој е еден од поголемите познавачи на законите и процедурата не му забележувам. Знам која му е целта… За граѓаните да немаат дилема во прилог ја ставам листата на закони кои се носат со двојно мнозинтво според Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а таму не е Законот за совет на јавни обвинители. Во Собранието исто така има еден уште поголем познавач на процедурите и законите кој најдолго време бил претседател на институцијата. Затоа, во прилог еден стенограм кога водел седница кога се менувал законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање. За амандманот 30 став 3 и 8 од Уставот во некоја следна прилика… Според тоа, Ви посакувам добра ноќ“, напиша Митрески на својот Фејсбук профил.

Тој сподели листа на закони кои се носат со двојно мнозинство и стенограм од сединаца на Собрание на која се гласало за законот за Совет на јавни обвинители.

На ова доби експерсен одговор од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски

„Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на јавни обвинители не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со Бадентер… Но, во денешниот закон како прв член ја регулира употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка…

Тоа што прифатија сѐ што им текна на колегите Албанци за овој закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на сѐ што сторија минативе години…

Уставот на Република Македонија во неговиот амандман 10 регулира дека со Бадентер се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици…

Колегата треба да знае дека Уставот е највисок акт. Без разлика што учествуваше во неговото менување, Уставот и за него, и за колегата Талат важи и понатаму. Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците во членот 11, став 4, што и овој колега и неговиот сопогазувач на Деловник и Устав Талат Џафери, го кријат и избегнуваат го вели истото дека сите идни закони кои ќе регулираат прашања за јазикот на заедниците ќе се гласа со Бадентер…

Талат сам си најави дека овој закон се гласа со Бадентер. Тоа што заборавил, намерно или не, е ваша и негова работа…“, одговори Димовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...