Лукас Холуб од Делегацијата на ЕУ во Македонија, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за Македонија, истакна дека и покрај евидентираниот напредок во Извештајот на ЕУ, земјава треба да продолжи со реформите.
Тој препорача ДИК да се фрмира навреме со мандат и ресурси за спроведување на својата задача на непристрасен и транспарентен начин, Собранието да води конструктивен дијалог, да не се донесуваат закони по скратна постапка, покрај СЈО и другите институции на многу поактивен начин да водат борба со корупцијата, да се зголеми независноста на регулаторнтие тела.