Заев: Не дозволивме да се загрози европската иднина на земјата, сега ЕУ е на потег

Заев упати порака и до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното.

1047

Нема скриена амнестија, секој што го прекршил законот ќе одговара, тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на заробена држава, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев која ја одржа по гласањето во Собранието за законот за јавно обвинителство.

– Со овој Закон се гарантира дека политичарите нема да можат да бираат и именуваат обвинители ниту да одлучуваат за иднината на предметите. Тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на неправда, време на заробена држава и криминална власт. Сега дојде друго време кога политичарите мора да бидат подалеку од правосудството – рече Заев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со однсеувањето покажа дека сѐ уште работи во одбрана на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава, ниту за европска иднина, покажа дека ништо не се променило, дека белиот дворец е сѐ уште е заложник на осудениот криминалец Груевски. Мицкоски направи се да го спречи носењето на законот и да го одбрани Никола Груевски, но не дозволивме да се загрози европската иднина на земајата – рече Заев.

Тој смета дека гласањето во Собранието било чисто.

– Сето тоа се одвиваше пред македонската јавност и секој можеше да види дека после процедуралните обраќања пратениците имаа можност да гласаат. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не се одважи и не гласаше за европска иднина – рече Заев.

Заев упати порака и до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното.

– Ние нашите ветувања ги исполнивме, време е и ЕУ да го исполни своето ветување, одлука за почеток на преговорите.Јас верувам дека Северна Македонија и Европската Унија се подготвени за следниот чекор -рече Заев.

Тој рече и дека СДСМ продолжува со реформите и ги повика сите, како што рече, правдољубиви граѓани, утре во 18 часот пред Собранието да се приклучат кон Маршот на правдата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...