Исмајловска и Пешевска си разменија навреди: „Стенограмите покажуваат, си гласала за Северна Македонија!“ – „Затни ја устата погана!“

Срам да ти е, затни ја устата погана. Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш, викаше Пешевска.

7529

Жестока кавга се случи меѓу пратеничката Нола Исмајловска-Старова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на собраниската седница на која се гласаше за Законот за одбрана.

На седницата процедурална дискусија имаше пратеничката Исмајловка- Старова  која рече дека иако се спротивставуваат на името на Армија на Северна Македонија неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе гласаа за промена на името на Армијата.

-Закон за служаба за армијата е веќе донесен. И во тој Закон има член со кој се усвојува новото име. За ова решение гласаа и пратениците: Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Дафне Стојановска, Жеклина Пешевска, Павлинче Честојнова и да Никола Мицевски – најброја Исмајловска.

Откако таа ја заврши дискусијата и спикерот Џафери побара да се гласа, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Пешевска викаше по Исмајловска

– Срам да ти е, затни ја устата погана. Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш – викаше Пешевска.

На тоа доби одговор од Исмајловска-Старова.

– Да си гласала за Северна Македонија, тоа го покажуваат стенограмите – рече Исмајловска.

Спикерот Џафери чекаше да заврши расправијата меѓу пратеничките пред да продолжи со зборување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...