Шилегов го однесе Каминис во Музеј

34 грчки уметници донирале 46 уметнички дела,кои се дел од грчката колекција на МСУ што денеска ја разгледаа гостите од Атина.

543

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, денеска во Музејот на современата уметност во Скопје на нивната втора официјална средба, потпишаа Договор за соработка помеѓу градовите Скопје и Атина.

– Со Атина ќе разменуваме информации, искуства и добри практики и ќе негуваме соработка во разни области на работа и надлежности, како што се: градска администрација и управување со јавни услуги, урбан развој, урбана отпорност, заштита на животната средина и природата, културни и туристички активности, иновации, информатичка технологија и дигитализација и практики за граѓански ангажман. Воедно, заедно ќе соработуваме во рамките на мрежата Eurocities и ќе ги промовираме трговските контакти – истакна Шилегов.

Тој нагласи дека граѓаните и на двата града се соочуваат со исти предизвици во секојдневното живеење, а продлабочувањето на нивната соработката и размената на искуствата ќе придонесат заедно да работат на изнаоѓање решенија за современите потреби на нивните сограѓани.

– Ова е историски ден за нашите градови. Го отвораме патот кон меѓусебно приближување. Имаме цел во интерес на нашите сограѓани заеднички да учествуваме во унапредувањето на иднината на градовите внатре во европското семејство. Имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство. Заедно можеме повеќе и заедно ќе стигнеме побрзо до нашата цел преку интензивна соработка да обезбедиме подобар живот за граѓаните на Скопје и Атина – додаде Шилегов.

Во Музејот после земјотресот во Скопје во 1963-та година, меѓу уметниците од целиот свет кои донирале свои дела и го наполниле овој музеј, биле и 34 грчки уметници кои донирале 46 уметнички дела, а нивните дела се дел од грчката колекција на МСУ што денеска ја разгледаа гостите од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...