Собранието ќе гласа за законот законот за јавно обвинителство и ќе се распушти

Расправата за законот за јавно обвинителство почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.

362

Собранието денеска напладне треба да ја одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Предлог-одлуката е поднесена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пред распуштањето на Парламентот, треба да се одржат продолженијата на 135. и 123. седница. Пратениците во рамки на 135. седница се очекува да гласаат за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, додека во рамки на 123. седница треба да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Расправата за законот за јавно обвинителство почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство. Седницата 135. продолжи вчера во 13 часот со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. Двата закона, со европско знаменце, се носат по скратена постапка, а за гласање е неопходно двотретинско мнозинство.

Расправата за измените и дополнувањата на Законот за одбрана почна и заврши вчера. Но, на 123. седница, освен оваа точка по која треба да се гласа и за што е потребно двотретинско мнозинство, ставени се и други законски решенија, меѓу кои измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...