Маж со нож нападна верници во црква во Москва, повредени две лица

Полицијата ги испитува причините и околностите на нападот што се случил во црквата „Свети Никола“.

133

Еден маж утрово нападнал верници во црква во центарот на Москва и повредил две лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

Полицијата по потера уапсила 26-годишен жител на регионот Липецк, а на осомничениот му е одреден притвор.

– Тој влегол во црквата на улицата Бакуњинска утрото на 16 февруари и ранил две лица со нож. Повредените се хоспитализирани и укажана им е лекарска помош – информира Ирина Волк.

Полицијата ги испитува причините и околностите на нападот што се случил во црквата „Свети Никола“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...