Движењето БЕСА ќе гласа за законот за јавното обвинителство, бидејќи истиот закон по 12 април ќе овозможи сите тие што извршиле криминал и корупција да завршат во затвор, одговори Арјанит Хоџа генерален секретар на Беса на повикот на пратеникот на ДУИ Артан Груби сите партии на Албанците да гласаат за законот.
– Артан Груби повика Движењето БЕСА да гласа за нацрт-законот за Јавното обвинителство, додека според информациите што ги поседуваме ние некои пратеници на ДУИ се молат да не успее гласањето, бидејќи тие ги знаат последиците. Исто така, целата јавност знае дека ДУИ како и ВМРО не сакаат овој закон да се донесе, но меѓународните пријатели од САД и ЕУ јасно го кажаа својот став дека овој закон е усогласен и одобрен од нивните експерти, така што Артан Груби и ДУИ се обидуваат да го покријат сонцето со сито со своите повици што личат на изреката: „Барам работа, но му се молам на Бога да не најдам работа“. Движењето БЕСА ќе гласа за нацрт-законот бидејќи истиот закон по 12 април ќе овозможи сите тие што извршиле криминал и корупција да завршат во затвор, напиша Хоџа на Фејсбук.