Државјанин на Албанија нападнал офицер на француската амбасада на скопскиот Аеродром

1208

Албански државјанин вчера околу 17 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје со тврд предмет нападнал офицер за врски од француската амбасада во Скопје.

Според МВР, нападот  се случил бидејќи Т.Р.А.П.Р (43) кога вршел дополнителни проверки за условите за патување на странци во ЕУ, не му дозволил на Е.В. (29) да отпатува кон Барселона.

Според пријавата, во зградата на „Меѓународен Аеродром Скопје“, на шалтер бр.14, Е.В.(29) од Р.Албанија со тврд предмет физички го нападнал Т.Р.А.П.Р.(43) од Франција, офицер за врски од Француската амбасада во Скопје, кој вршел дополнителни проверки за условите за патување на странци за Европската Унија и Шенген држави. Е.В. заедно со неговата сопруга и со нивното малолетно дете се пријавил да патува за Барселона, поради здравствени прегледи на детето, а бил незадоволен од тоа што францускиот претставник не му дозволил да патува во Европската Унија, со образложение дека не ги исполнувал општите условите за влез во ЕУ. Е.В. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, а во 21.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...