Велеслалом во Крањска Гора: Победа на тинејџерката Робинсон од Нов Зеланд

157

Новозеландската тинејџерка Алис Робинсон е победничка на велеслаломот во Крањска Гора што се возеше во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

На највисокото место на подиумот се искачи со вкупно време од 1:54:32 минути. Второто место го освои Петра Влхова од Словачка (+54 стотинки), а третото место го поделија Словенката Мета Хроват и Швајцарката Венди Холденер кои заостанаа по 59 стотинки зад Робинсон.

Водечка во велеслалом е Италијанката Федерика Брињоне со 407 бода, пред Влхова со 333 и Микаела Шифрин со 314 бода.

Во генералниот пласман води Шифрин со 1,225 бода, Брињоне е втора со 1,112 бода и Влхова со 971 бод.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...