Веќе не се преговара, оние кои ќе гласаат за дво-третински закони ќе гласаат, јас се надевам дека Беса и Алијанса за Албанците ќе го променат своето мислење и ќе дадат глас за Законот за Јавно обвинителство, за да не дозволиме било какво оправдување од страна на земјите од Европската Унија, рече партеникот од ДУИ Артан Груби.
– Сите сме се изјасниле дека ќе ги поддржиме Законот за ЈО и Законот за одбрана. Се надевам дека утре сите оние кои сакаат европска Македонија утре ќе се поредат и заедно со нас ќе гласаат – рече Груби.
Тој рече дека ДУИ изразува силно разочарување за одбивниот став на опозициската партија Беса и поранешниот владин партнер Алијансата за Албанците како и за опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство и ги повикува овие три партии да го променат нивниот став за овој закон и да гласаат ЗА.
– Овој закон, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители ќе го запечати датумот за почеток на преговорите со Европската Унија и ниту една партија не смее да ја ризикува сигурната иднина на земјата и на нашите граѓани. Двата закони ја гарантираат службената употреба на Албанскиот јазик, изборот на обвинителите со двојно мнозинство како и правичната застапеност на албанците во обвинителството.
Одговорноста на политичките партии е многу голема и нивната подршка за овие закони од кои зависи нашата европска иднина не смее да биде случај на ситен партиски опортунизам и антиевропианизам.
Приоритет на ДУИ е неселективната правда, Ветингот, владеење на правото, враќањето на довербата во судството и обвинителството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, затоа, без ниту една резерва, ДУИ го подржува овој закон како следен напор за постигнување на горенаведените приоритети, но и за отварање на европската врата за нашата земја – вели Груби.
Според Груби денеска Собранието треба да ги изгласа законите за Советот на јавни обвинители, законите за АВМУ, за одбарна и други закони.